Дома Топ вести „Човекот-фудбал“ Лео Меси денес полни 32 години!

„Човекот-фудбал“ Лео Меси денес полни 32 години!

Големиот мајстор, идолот на милиони, „човекот-фудбал“ Лионел Меси денес полни 32 години!

Аргенецот важи за еден од најголемите фдубалери кои оваа игра некогаш го имала. Тој веќе ја презема улогата на ветеран и со еден куп трофеи позади себе веќе е во редот на најтрофејните фудбалери во историјата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Доволно е само да се споменат 5те „Затни топки“, четирите трофеи во Лигата на шампиони, 10-те титули во Примера, шест „Златни копачки“ и уште еден куп клупски и индивидуални достигнувања.

Овогодинешниот роденден е во знакот на неговите партии во дресот на Аргентина – големата болка на Меси. Тој уште еднаш ќе се обиде да освои важен трофеј со репрезентацијата, но прогнозите на Копа Америка не се добри, а целата тежина повторно е на грбот на гениалецот од Росарио.

Минатата сезона на Меси во Барселона заврши со неочекувана горчина, иако ја освои Примера и беше најдобар стрелец во Европа. Имено, „Ла Пулга“ повторно не успеа да дојде до најпосакуваниот трофеј и беше елиминиран во полуфиналето од Лигата на шампиони.

После Копа Америка го чека заслужен одмор и нови предизвици во новата сезона, а целите за Меси се секогаш највисоки – врвот!

Меси позади себе има импресивни бројки, на 820 одиграни натпревари постигна 671 гол и запиша 285 асистенции…Среќен роденден легендо!

https://youtu.be/DTqJD7E_3NE

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…