Поранешниот тренер и чичко на Рафаел Надал, Тони Надал направи анализа на финалниот меч на Австралија Опен кој неговиот внук го загуби убедливо од Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ го победи Шпанецот со 6:3, 6:2 и 6:2 и така го освои турнирот во Мелбурн седми пат во кариерата. Интересно е што српскиот тенисер одигра и исто толку финални натпревари.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Чичкото на Надал смета дека резултатот во финалето не ја покажува разликата во квалитет помеѓу двајцата тенисери.
„Ѓоковиќ својата игра во овој меч ја доведе до совршенство, а Рафа му беше како „храна“. Му честитам на Ѓоковиќ, сепак сметам дека резултатот не ја покажува вистинската разлика помеѓу нив двајца“, изјави Тони Надал.