Дома Фудбал Останато Чиро Блажевиќ скршен од болка: Сите чекаа јас да заминам, а замина Златко…

Чиро Блажевиќ скршен од болка: Сите чекаа јас да заминам, а замина Златко…

Поранешниот селектор на Хрватска, Чиро Блажевиќ жали по Златко Крањчар, кој почина на 65-годишна возраст по кратка и тешка болест.

Блажевиќ во изјава за хрватските медиуми кажа дека бил запознаен со здравствениот проблем на поранешниот напаѓач на Динамо Загреб, но не очекуваше таков фатален исход.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Не можам да станам од кревет. Ме изненади веста. Навистина не знам што да кажам. Се слушнав со неговиот доктор пред неколку дена и знаев дека е лошо, но не знаев дека е во толку лоша состојба. Сите чекаа јас да заминам, а си замина Златко… Многу сум тажен“, кажа Блажевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Валверде: За Модриќ можам да кажам само една лоша работа

Лука Модриќ денес можеби го игра својот последен натпревар за Реал Мадрид. Секој следен би…