Дома Фудбал Останато Чеферин до Инфантино: Додека сме јас и Ањели тука Суперлига нема да има!

Чеферин до Инфантино: Додека сме јас и Ањели тука Суперлига нема да има!

Чеферин испрати јасна порака.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин смета дека формирање на глобална Лига на Нации, како и Светско првенство за клубови не би била добра работа за фудбалот. Тој и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели кој е шеф на асоцијајцијата на клубови потпишаа меморандум за разбирање на УЕФА и ЕАК и заедно се спротиставија на предлогот на Џани Инфантино.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Почитувањето исто така значи зборување со пријателите и семејството, колегите и партнерите, кога не мислиме како нив и со сета почин кон нив сметаме дека грешат“, изјави Чеферин, а потоа прецизираше што точно мисли.

„Сметам дека глобална Лига на Нации и Светско првенство за клубови не е добра идеја, покажуваме почит кон нив и кон фудбалот, играта која ја сакаме и која мораме да ја штитиме. Се надеваме дека ФИФА ќе не послуша европскиот фудбал заслужува респект“.

„Додека јас и Ањели бидеме на чело на овие две организации Суперлига нема да има и тоа со сигурност ви го тврдам“, порача Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лацио доживеа неочекуван пораз во Норвешка

Италијанскиот прволигаш Лацио доживеа неочекуван пораз на гостувањето во Норвешка, каде шт…