Дома Фудбал Англија Челси го доби најдоброто засилување ова лето

Челси го доби најдоброто засилување ова лето

Италијанскиот стратег, Антонио Конте изминатото лето пристигна на клупата на Челси со која веќе во првата сезона стана англиски шампион.

Конте донесе нов стил во играта на Челси, а „Плавите“ веќе во првата сезона ги постави на пиедесталот во Англија. Иако на крајот од изминатата сезона се шпекулираше дека Конте би можел да го напушти Лондон и да се врати во Италија на крајот од тоа немаше ништо.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Челси денес на својата официјална страна потврди дека Конте го потпишал новиот договор со овој клуб, па сигурно е најголемото засилување за „Плавите“ ова лето. Италијанскиот стратег со тимот од „Стемфорд Бриџ“ потпиша нов двегодишен договор.

„Многу сум среќен што потпишав нов договор со Челси. Работиме силно да оствариме се тука и на тоа сум горд. Сега мораме да бидеме посилни, за да останеме на врвот. Среќен сум што останувам во Лондон уште две години“, истакна Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола денеска ќе го зададе последниот удар на неговата ѕвезда

Манчестер Сити денеска ќе ја одигра својата последна натпреварувачка сезона во која се пос…