Челзи бара од Барселона 7 милиони финти за да го пушти својот капитен Цезар Аспиликуета, пренесуваат англиските медиуми.
32-годишниот Шпанец веќе ги договори личните услови со Каталонците, а на „Камоп Ноу“ треба да добива плата од 11 милиони евра по сезона.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Аспиликуета има договор со Челзи на уште една година, но со Барселона веќе договорил двегодишна соработка.
Барселона сака да го донесе Аспиликуета без обештетување, па во моментов не е спремна да ја плати бараната сума. Шпанецот инсистира на овој трансфер и наскоро ќе побара раскинување на договорот со Челзи