Челзи веќе потроши 180 милиони евра во јануарскиот преоден рок, но „сините“ не мислат да запрат со трансфери.
Челзи сака до крајот на преодниот рок да донесат уште еден играч за врска, а најнова мета е ѕвездата на Вулверхемптон, Матеус Нунеш.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нунеш е голема желба на Јиген Клоп и примарна трансфер цел на Ливерпул, но Челзи ќе се обиде да го „украде“ фудбалерот пред ривалот.
Нунеш минатото лето се пресели во Вулверхемптон од Спортинг за 45 милиони евра и веднаш се етаблираше во Премиер лигата.
Челзи веќе стапил во контакт со неговиот агент и спремен богата понуда за „волците“.