Дома Фудбал Зиркзе го напушта Манчестер Јунајтед, се враќа во Италија

Зиркзе го напушта Манчестер Јунајтед, се враќа во Италија

Не се прослави во Манчестер Јунајтед, но еден клуб го сака токму него, и ова би можело да биде добитна комбинација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рома се подготвува за зима, алармите се вклучени, особено во нападот. Довбик се соочува со повреди, додека Фергусон, иако е во благ подем на формата, сѐ уште не го дава она за што е донесен. Головите доцнат, решенијата се ограничени и јасно е дека Римјаните мораат на шопинг.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед е означен како приоритет број еден. Рома ја следи ситуацијата, споредува, пресметува и чека. Дури и до средината на јануари.

Планот на Рома е јасен: позајмица со право на откуп. А тоа право, ако е потребно, многу лесно може да прерасне и во обврска. Сѐ за да се заврши работата.

Џалоросите сериозно веруваат во Холанѓанецот, особено бидејќи тој кај Аморим главно ја грее клупата, сепак, Циркзе не е единственото име на листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо ја изненади ѕвездата на Реал: Залудно ќе останеш, нема да играш

Жозе Мурињо реши да ѝ се „закани“ на голема ѕвезда на Реал Мадрид, но таа сепак не планира…