Дома Фудбал Англија Челзи убедливо го доби малото лондонско дерби 🎥

Челзи убедливо го доби малото лондонско дерби 🎥

Челзи денес гостуваше кај Кристал Палас и без поголеми проблеми дојде до победа од 1:4.

После неочекуваниот пораз од ВБА во минатото коло, „сините“ прво славеа против Порто во Лигата на шампионите со 2:0, а денес совладан беше Кристал Палас.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во само две минути Челзи дојде до два гола. Во осмата минута Каи Хаверц погоди, а во 10. Хаверц беше асистент, погоди Пулишиќ. Веќе после половина час игра Зума со глава погодува по нафрлувањето на Маунт и тука веќе беше јасно кој ќе слави.

Второто полувреме донесе по еден гол на двете страни. Бентеке намали на 1:3, додека Пулишиќ со својот втор гол ги постави конечните 1:4.

Челзи после овој триумг го престигна Ливерпул и сега е четврти со 54 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Марио Илиевски од бугарска ЦСКА се пресели во Приштина

Македонскиот фудбалски интернационалец Марио Илиевски ја заврши својата епизода во бугарск…