Челзи спрема понуда за дефанзивецот на Лил, Свен Ботман пренесуваат медиумите на Островот.




Челзи е во потрага по квалитетен дефанзивец и до последниот ден од трансфер пазарот се обидуваше да го ангажира Жил Кунде од Севиља.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Сините“ на лето готово сигурно ќе останат без Рудигер, па сакаат да донесат најмалку еден врвен дефанзивец, а Ботман е една од најголемите желби.




Холанѓанецот со своите настапи во Лил се промовираше во еден од најдобрите млади дефанзивци и го привлече вниманието на многу гиганти.
Челзи сака да ја победи конкуренцијата и спрема понуда од 35 милиони евра за Лил.