Раководството на Челзи е спремно да испрати понуда од 50 милиони евра за ѕвездата на Спортинг Лисабон, Матеус Нуњеш, пренесува „А Бола“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медиуми ја потврдија веста и тврдат дека Челзи е многу блиску до комплетирање на трансферот на Португалецот.




23-годишниот играч за врска минатата сезона одигра 50 меча во сите натпреварувања на кои постигна 4 гола и запиша 5 асистенции.




Нуњеш веќе е стандарден португалски репрезентативец и е мета на многу европски гиганти.
Неговиот агент Жорге Мендеш наводно веќе ги договорил личните услови со Челзи и се очекува трансферот да се комплетира следната недела.