Челзи ова лето во рекорден трансфер за 115 милиони евра го донесе Ромелу Лукаку од Интер.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот на „сините“, Томас Тухел е во потрага по врвен дефанзивец, а тој може да пристигне на „Стенфорд Бриџ“ токму по предлог на Ромелу Лукаку.




Имено, Белгиецот го советува тренерот да го донесе неговиот поранешен соиграч од Интер, Милан Скриниар.




Скриниар се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А и сигурно би бил големо засилување за „сините“.




Челзи има голем буџет за купување на дефанзивец, па иако Интер не е заинтересиран за продажба на Скриниар, сепак „сините“ спремнаат понуда која тешко ќе може да се одбие.