Раководството на Челзи вредно работи на засилувања во јануарскиот преоден рок, па после Рос Баркли се чини на „Стенфорд Бриџ“ ќе пристигне и еден напаѓач.
Менаџерот Антонио Конте сака уште еден напаѓач кој ќе биде адекватна замена за Алваро Мората, бидејќи Мичу Бачуаи сигурно ќе го напушти клубот во наредните денови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми денес пренесоа помалку „шокантна“ информација дека Челзи испратил понуда до напаѓачот на Вест Хем Енди Керол.
Ова е навистина големо изненадување бидејќи Керол оваа сезона не добива голема минутажа ни кај „чеканите“, а притоа има и проблем со повреди. Сепак, Конте смета дека тој би бил идеален напаѓач кој ќе може да влегува од клупата.
Покрај тоа Челзи денес го договори и трансферот на Рос Баркли од Евертон за 15 милиони фунти. Играчот за врска денес треба да пристигна на лекарски прегледи во Лондон.
Andy Carroll is the shock name on Chelsea's list of targets for January – he is wanted as backup for Álvaro Morata. (Source: Daily Mirror) pic.twitter.com/sBoEJOEIyW
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 5, 2018