Дома Топ вести Челзи има нова мета, тргнува по Скриниар

Челзи има нова мета, тргнува по Скриниар

Челзи откако ја загуби битката за Жил Кунде, сега ќе тргне по дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар, пренесуваат медиумите на Островот.

Челзи е во потрага по врвен дефанзивец, а откако не успеа да го добесе Де Лихт и Кунде, сега ќе се насочи кон Скриниар.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Интер е спремен да го продаде дефанзивецот поради финансиски проблеми и започна преговори со ПСЖ, но двете страни не можат да најдат заеднички јазик.

Интер бара 70 милиони евра за слободата на Скриниар, додека ПСЖ не сака да плати повеќе од 50 милиони евра за играч кој влезе во последната година од договорот.

Сега Челзи ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација и ќе испрати понуда од 60 милиони евра плус бонуси, сума која се верува дека Интер може да ја прифати.

Челзи веќе го донесе Кулибали, но бара уште еден врвен дефанзивец кој ќе му биде партнер на Сенегалецот, а Скриниар во моментов изгледа како најреална опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…