Челзи и Њукасл внимателно ја следат ситуацијата на Еден Азар во Реал Мадрид, пренесува „ЕСПН“.




Двата клуба веќе стапиле во контакт со Реал Мадрид да ја разгледаат можноста за евентуален трансфер на 30-годишниот плејмејкер.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Азар пред две години пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ со големи очекувања и „кралевите“ за неговиот потпис на Челзи му платија 115 милиони евра, плус бонуси.




„Кралевите“ не се задоволни од Азар за кој очекуваа да биде еден од предводниците на екипата кога го купуваа, но големиот број на повреди му ја уништи кариерата на белгиецот.




Реал сака да се ослободи од Азар и неговата висока плата, па Челзи и Њукасл се спремни да ја искористат таквата ситуација.