Дома Топ вести Челзи и Јунајтед се тепаат за ѕвездата на Атлетико Мадрид

Челзи и Јунајтед се тепаат за ѕвездата на Атлетико Мадрид

Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи и Манчестер Јунајтед се сериозно заинтересирани за играчот на Атлетико, Јаник Караско и следното лето ќе водат битка за неговиот потпис.

Белгиецот игра извонредно во дресот на „јорганџиите“и со своите игри го привлече вниманието на останатите големи клубови, а неговиот агент Кристоф Хенротај потврди дека постојат понуди од Англија и дека Караско го сакаат Челзи и Манчестер Јунајтед.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Овие клубови веќе ги започнале преговорите со Атлетико околу купувањето на 23-годишниот фудбалер, но засега единствен проблем претставува откупната клаузула од која Атлетико не сака да отстапи, а изнесува 100 милиони евра.

Исто така, Хенротај потврди дека за неговите услуги се заинтересирани и Баерн, Јувентус и Манчестер Сити, но за разлика од Челзи и Јунајтед, овие клубови се уште немаат испратено конкретна понуда во Мадрид.

Атлетико сигурно нема да отстапи од цената која ја бара, па останува да видиме дали некој од заинтересираните клубови е спремен да ја активира откупната клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус сака уште еден дефанзивец од Милан

Јувентус би можел да ангажира уште еден дефанзивец од Милан. Откако летото „бјанконерите“ …