Претставниците на Челзи се сретнале со агентот на Калиду Кулибали, пренесуваат медиумите во Италија.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кулибали беше идентификуван од „сините“ како алтернатива на Матијс де Лихт, кој беше најголема желба на Томас Тухел за одбраната, но се чини дека Холанѓанецот е многу блиску до трансфер во Баерн Минхен.




Челзи е во потрага по двајца врвни дефанзивци кои ќе бидат замена за Рудигер и Кристенсен. Едниот најверојатно ќе биде Аке од Манчестер Сити, со кого преговорите се во финална фаза.




Поради тоа во моментов приоритет на Челзи е Калиду Кулибали, кој влезе во последната година од договорот со Наполи и одбива да ја продолжи соработаката.