Дома Трансфер зона Челзи го „украде“ талентот на Астон Вила пред носот на Милан

Челзи го „украде“ талентот на Астон Вила пред носот на Милан

Челзи го договори трансферот на 18-годишниот талент на Астон Вила, Карни Чуквуемека.

Станува збор за млад англиски репрезнетативец со нигериско потекло, кој важи за најголем талент на Островот во моментов.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Астон Вила сакаше да го задржи, но Чуквуемека влезе во последната година од договорот и одби да ја продолжи соработката.

Најсилен интерес за него покажуваше Милан, кој почна преговори со неговиот агент, но Челзи во последен момент успеа да ја победи конкуренцијата.

Двата клуба го договориле трансферот на Чуквуемека за 24 милиони евра, а играчот ќе потпише 5-годишен договор со „сините“.

Тој е офанзивен играч за врска и експертите го споредуваат со Џуд Белингам, а беше на радарот уште на Барселона и Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…