Дома Топ вести Челзи го купи најголемиот руски талент

Челзи го купи најголемиот руски талент

Челзи е се во напредни преговори за играчот од средниот ред на Динамо Москва, Арсен Захарјан, пренесува еминентниот новинар Ди Марцио.

Откупната клаузула за странски клубови во договорот на Захарјан е вредна 15 милиони евра и нема да биде проблем Челси да ја плати.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Агентот Рафаел Пимиента работи на трансферот и потврди дека е блиску до реализација.

Захарјан е роден во Самара, а од 2017 година е дел од Динамо Москва. Тој дебитираше за првиот тим на Динамо ноември 2020 година и веднаш го покажа својот потенцијал, па се смета за најголем талент во Русија.

Досега 19-годишниот играч од средниот ред одигра 52 натпревари за Динамо со 13 гола и 16 асистенции. Неговиот договор со клубот е до летото 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…