Дома Фудбал Англија Челзи ги претстави новите дресови и го избра Канте за најдобар!

Челзи ги претстави новите дресови и го избра Канте за најдобар!

Еден од најголемите клубови од Премиер лигата, Челзи, го претстави на својот официјален сајт новиот дрес за домашните натпревари за претстојната сезона 2018/2019.

Дресот е во традиционалната за клубот сина боја, а на него има детали во црвена и бела боја. Дресот кој го изработи „Најк“ е инспириран од 80-ти и 90-те години.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во меѓувреме, клубот ги додели своите годишни награди за своите најдобри фудбалери. Големата награда за играч на годината во анкетата од навивачите ја освои халфот Нголо Канте.

Самите фудбалери на Челзи пак го избраа за бр.1 бразилскиот офанзивен играч за врска Вилиан, а Андреас Кристенсен беше избран за најдобар млад играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ќе се обиде ли Ливерпул во последен момент да ги расипе плановите на Манчестер Сити?

Манчестер Сити активно работи на трансферот на Антоан Семењо, кој ќе се обиде да го финали…