Вчера Челзи го победи Манчестер Сити со 2:1, а на овој триумф на „сините“ најмногу се израдуваа во Ливерпул затоа што „црвените“ и математички ја обезбедија титулата во Премиер Лигата.
Ако сега се рауваа после победата на Челзи пред шест години „сините“ му ја одземаа титулата на Ливерпул.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Навивачите на Ливерпул не сакаат, но сигурно се сеќаваат на моментот од сезоната 2013/2014 кога Џерард се лизна против Челзи. Џерард тогаш се лизна, а до топката стигна Демба Ба кој ја погоди мрежата на Мињоле.
Во тој натпревар Челзи играше со комбиниран состав меѓутоа со тој гол на Демба и еден на Торес го „нокаутираа“ Ливерпул кој не успеа да се опорави, па веќе во следното коло испушти предност од 0:3 и така Сити ја освои титулата.