Вистинска драма се случуваше на тренингот на Челзи во петокот пред дербито против Манчестер Сити кој се одигра вчера на „Итхад“.
„Плавите“ беа поразени во минимални 1:0, но на навивачите на лондонскиот клуб не им беше јасно поради што Н’Голо Канте не беше во конкуренција на овој меч. Меѓутоа, англиските медиуми успеаа денес да ја откријат драмата која се случувала во петокот на тренингот на клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Канте во текот на тренингот паднал на теренот и останал без свест, а соиграчите останаа во шок. Лекарскиот тим брзо реагираше и францускиот фудбалер замина на дополнителни итни прегледи во најблиската болница.
Според информациите на Телеграф, Канте мина низ тестови за да се открие дали е се во ред со неговото срце. Како што се наведува, не открија ниту еден проблем и му порачаа на Канте дека нема срцеви попречености. Антонио Конте одлучи да го послуша советот на лекарите и да го одмори Канте за мечот против Сити.