Британката атлетичарка Џо Пејви ќе го добие бронзениот медал од Светското првенство во Осака во 2007 година, откако на турската атлетичарка Елван Абејлегесе и беше одземен сребрениот медал на трката на 10.000 метри.
Елван Абејлегесе, родена во Етиопија, заедно со сонародничката Гамзе Булут ги бранеа боите на Турција, успеаја да освојат медали на СП во Осака и на ОИ во Пиекинг во 2008 година, но ИААФ поради користење на допинг им ги поништи резултатите.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Абејлегесе беше позитивна на забранетиот стероид станозол и ИААФ и ги поништи сите резултати забележани во периодот од 26 август 2007 до 25 август 2009 година. Таа остана без сребрениот медал од СП во Осака на 10.000 метри и сребрата на трките на 5.000 и 10.000 метри на ОИ во Пекинг.
Сребрениот медал од трката во Осака ќе го добие Американката Кара Гучер, а бронзата ќе и припадне на Џо Пејви.
„Воодушевена сум од оваа вест, но чувството во исто време е и горко и слатко. Можев да освојам уште медали во годините кога бев во најдобра форма, но поради измамниците не ми успеа тоа“, изјави 43-годишната Пејви, која во кариерата има злато на ЕП во Цирих во 2014 година на 10.000 метри и сребро во истата дисциплина на ЕП во Хелнсинки.