Во шпанските медиуми се појави информација дека Хакан Чалханоглу сигурно нема да го продолжи договорот со Милан и на крајот од сезоната ќе си замине како слободен играч.
Според информациите објавени во јавноста нов клуб на Чалханоглу ќе биде Манчестер Јунајтед. Наводно, турскиот репрезентативец веќе потпишал преддоговор со Јунајтед и се чека само таа соработка да биде официјализирана.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Милан Чалханоглу дојде во летото 2017 година од Баер Леверкузен за сума од 23.3 милиони евра.
Од тогаш за „росонерите“ одигра 159 натпревари, постигна 29 голови и запиша 47 асистенции.