Дома Топ вести Чави „пречкрта“ четворица фудбалери, едниот е големо изненадување

Чави „пречкрта“ четворица фудбалери, едниот е големо изненадување

Чави Ернандес откако седна на клупата на Барселона е спремен да направи реконструкција на тимот.

Каталонските медиуми пренесуваат дека Чави дал зелено светло четворица фудбалери можат да го напуштат клубот во јануари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Изненадување на списокот е младиот талент Рики Пуг, кој ги собра симатиите кај навивачите.

Во средниот ред Бускетс, Де Јонг и Педри се неприкосновени, а шанса ќе добивата уште Гави и Нико Гонзалес, па Пуг е шести избор и може да биде продаден во јануари.

За него има силен интерес од шпански и англиски клубови, па Барселона се надева дека добро ќе заработи од неговата продажба.

Другите играчи на списокот се Кутињо, Умтити и Лук Де Јонг, фудбалери на кои Чави воопшто нема да смета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…