Тренерот на Барселона Чави Ернандез имаше подготвен одговор на изјавата на Луис Енрике дека повеќе ја претставува ДНК на Барса отколку актуелeн тренер на каталонскиот клуб.
Чави не го прифати тврдењето на Енрике дека Барса е фаворит поради пет европски шампионски титули.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Имам огромна почит кон Луис Енрике. И двајцата имаме ДНК на Барса, како и Микел Артета и Пеп Гвардиола. И сите четворица сме во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Имам одличен однос со Енрике. Се обидуваат медиумите да создаваме конфликти, но нема“, рече Чави и додаде:
„Тоа што рече дека сме фаворити поради пет титули не значи ништо. Тој е таков. Добро знам колку сме освоиле, учествував во освојувањето на петтата, но не мислам дека затоа сме фаворити. Напротив, ПСЖ е фаворит, затоа што го имаат Осман Дембеле“, истакна Чави.
Натпреварот ПСЖ – Барселона е закажан за вечерва од 21 часот.