Eден од нив веќе е на „Камп Ноу“.
Тимот на Барселона многу промени во играта откако на клупата пристигна Ернесто Валверде.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Каталонците ја немаат класичната игра со кратки додавања, но има и такви кои ќе кажат дека Барселона го изгубила својот идентитет.
Легендата на клубот, Чави смета дека на Барселона и се потребни тројца фудбалери, од кои веќе еден е во клубот.
„Артур, Рабио и Де Јонг се типови на играчи кои и се потребни на Барса тие се технички одлично потковани, работат за тимот и имаат огромен талент“, изјави Шпанецот.
Артур веќе е во Барселона и засега ги оправдува очекувањата, Рабио е пред заминување од ПСЖ, додека денес се појави вест дека Де Јонг од Ајакс од лето ќе биде нов играч на „светците“.