Најдобриот македонски ракометен состав Вардар доби ново засилување и тоа во стручниот штаб во името на  Билјана Црвенковска.

Поранешната македонска репрезентативка и екс ракометарка на Вардар, Кометал Ѓорче Петров, Ускудеа (Турција) и Салерно (Италија) досега беше заменик директор во клубот, но сега има нова функција и ќе му помага на тренерот Роберто Гарсија Парондо заедно со Дејан Периќ.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


-Ова е ново искуство и голем предизвик за мене. Ќе дадам сѐ од себе максимално да му помогнам на стручниот штаб и на целиот тим, -порача Црвенковска за официјалната веб страна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Oхрид го доби грчки противник во четвртфиналето на ЕХФ купот!

Ракометниот клуб Охрид се пласираше четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ откако ја елим…