Дома Фудбал Англија „Црвените ѓаволи“ кренаа раце, сега Тотенхем е фаворит за неговиот потпис?!

„Црвените ѓаволи“ кренаа раце, сега Тотенхем е фаворит за неговиот потпис?!

Се пишуваше и пред сагата за Алексис Санчез, дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран да го донесе фудбалерот на ПСЖ, Лукас Моура.

Итроногиот Бразилец падна во втор план во „Градот на светлината“, откако летово Парижаните се засилија со Нејмар и Мбапе.


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Постигна само еден погодок оваа сезона, ниту еднаш не се најде во стартната постава, а ПСЖ е подготвен да ги сослуша сите клубови кои се заинтересирани да го откупат неговиот договор.

Манчестер се посвети на ангажманот на Алексис Санчез, па се верува дека од Моура кренаа раце, а како фаворит во овој момент за неговиот потпис е екипата на Тотенхем.

Спарси и претходно беа поврзувани со некогашниот фудбалер на Сао Паоло, а сега повторно покажаа интерес за неговите услуги.

Моура би сакал да заигра во Премиер лигата, ваквиот расплет звучи сосем логично, на Тотенхем му недостасува крилен фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти:Утрешниот дуел за мене е посебен, но не ми се зборува за фудбал

Реал Мадрид утревечер ќе го пречека Милан на „Сантијаго Бернабеу“ во четвртото коло на Лиг…