Во шпанските медиуми изминатата ноќ се појави информација дека Барселона одлучила да му даде последна понуда на Меси.
Изворот на веста беше „Ла Портериа“, медиум кој ја следи Барселона, а подоцна ја пренесуваа и останатите шпански медиуми. Од друга страна пак „Диарио Оле“ отиде чекор подалеку и пишува дека Меси ја одбил таа нова понуда.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Информаците гласеа дека Барселона преку извршниот директор Феран Реверет повторно стапила во контакт со Меси и неговиот татко Жорге. Шпанците пишуваат дека Реверет е човекот кој е задолжен за работа на некакво чудо. Тој ќе се обидел да пронајде договор и да го стопира трансферот на Меси, на кој сите гледаат веќе како завршена работа. Ќе потсетиме, навивачите на ПСЖ вчера и го чекаа Меси во Париз, но тој не се појави.
Целата ситуација веројатно со еден збор најдобро ја опиша мадртиски „Ас“ – ЦИРКУС!
Ќе додадеме и дека „Марка“ од извори блиски на Меси негира постоење на нова понуда.