Барселона е последниот клуб во низата која се вклучи во траката по потписот на ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесуваат италијанските медиуми.
За Милинковиќ- Савиќ силен интерес покажуваа Јувентус, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, а сега во тракат се вклучи и каталонскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лацио за српскиот репрезентативец веќе одби понуда од 110 милиони евра, а италијанските медиуми тврдат дека римскиот клуб нема да го пушти Сергеј за сума помала од 150 милиони евра.
Милинковиќ-Савиќ одигра фантастична сезона во Лацио, а и на Светското првенство покажа дека е во одлична форма, па неговата цена постојано расте.
Јувентус и Манчестер Јунајтед не се спремни да ја платат таа сума, а „Скај Италија“ пренесува дека во моментов најконкретен интерес покажува Реал Мадрид, кој во СМС гледа идеална замена за Лука Модриќ.