Вардарки само што ги почнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната и веќе за една седмица ќе го имаат и првиот тест, настапот на третиот турнир од регионалната ВРХЛ лига.
На турнирот во Скопје од 19 до 21 јануари Вардарки ќе играат со Будуќност и Крим. Потоа ќе имаат време уште една седмица пред да играат со Мец на првиот меч од Главната фаза од лигата на шампионите. За пикерот Драгана Цвијиќ рано е да се прогнозира како ќе тече остатокот од сезоната, туку треба да се оди чекор по чекор, натпревар по натпревар, а почнуваме со два добри противника.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Пред нас се два натпревара од регионалната лига. Секогаш играме за победа, но овие натревари многу ќе ни значат зашто се два контролни натпревара пред Мец. Имаме два добри противника, и тоа е добро за целата екипа. И за мене и за целата екипа желбата е да се освои титулата. Но треба да се оди чекор по чекор. Не треба сега на тоа да гледаме и да размислуваме за фајнлфор, полуфинале или финале. Имаме уште 5 месеци до таму, и сега треба да го надградиме она што го работевме во првиот дел од сезоната и да продолжиме силно да газиме”, вели пикерот Драгана Цвијиќ за официјалната страна на клубот.
Мечевите од регионалната ВРХЛ лига, се закажани за 19, 20 и 21 јануари во СЦ „Јане Сандански”. На 19 јануари во 17 часот играат Вардар и Будуќност, следниот ден, на 20 јануари се среќаваат Будуќност и Крим, а на 21 јануари играат Крим и Вардар.