Бразилскиот фудбалер, Хулк после четири години ќе го напушти кинескиот Шангај СИПГ и ќе се врати во Европа.
Хулк пред четири години од Зенит за 60 милиони евра се пресели во Шангај и беше убедливо најплатен фудбалер во Кина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот договор со Шангај завршува на крајот на месецот, па Хулк се спремна за враќање во Европа.
„Разгледувам многу понуди од Бразил, но и од многу други клубови ширум Европа. Имам понуди од Турција, Португалија, Англија, Шпанија, Италија и Германија“, истакна Хулк.
Португалските медиуми тврдат дека 34-годишниот напаѓач ќе се врати во Порто, каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.
Наводно веќе преговорите со Порто се завршени и се очекува договорот да биде потпишан на почетокот на јануари следната година.