Хрватските фудбалери синоќа во Лисабон ја победија Португалија со резултат 2:1, во силен тест за двете селекции пред почетокот на Европското првенство во Германија.
Ова беше осми натпревар помеѓу овие две репрезентации и само прв триумф на Хрватска по шест порази и едно реми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стоперот на Манчестер Сити по натпреварот беше запрашан од новинарка дали е загрижен пред почетокот на Европското првенство.=
„Не се грижиме, сакавме силен предизвик. Хрватска е најдобрата репрезентација против која сме играле во последните години. Вакви натпревари те прават подобар изјави Дијас. Натпреварот беше одличен искуство. Доминиравме во второто полувреме, а Хрватска постигна гол токму во моментите кога ние бевме подобри. Имаме многу простор да растеме“, изјави Дијас.
Португалија на Европското првенство ќе игра во група со Турција, Чешка и Груџија, додека Хрватска ја чека „групата на смртта“ со Шпаниај, Италија и Албанија.