Најбогатиот ден на Мундијалот беше затворен со натпреварот помеѓу Хрватска и Нигерија.
Хрватите ја оправдаа фаворитската улога против Нигерија. Хрватска не беше кој знае колку доминантна, но на крајот сепак одигра доволно за да слави победа од 2:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Коцкестите“ до предност стигнаа после триестина минтуи игра и тоа преку автогол. Модриќ одлично нафрли од корнер, Манџукиќ се фрли и успеа да ја зафати топката со глава која на патот до голот го погоди Етебо и заврши во мрежата на Нигерија.
До крајот на првиот дел следуваше период на мирна игра, па во првите 45 минути видовме само еден погодок.
Во вториот дел работите не се променија многу, Хрватска ја имаше контролата и создаваше по некоја шанса.
Точка на натпреварот беше ставена во 72 минута. Манџукиќ успеа да изнуди пенал по еден дуел во шеснаесетникот, а сигурен реализатор беше Лука Модриќ за конечни 2:0.
Во четврток, Хрватска ја очекува натпревар против селекцијата на Аргентина која денес ремизираше 1:1 против аутсајдерот во оваа група, Исланд кој ќе се сретне со Нигерија.