Дома Фудбал Англија Хоџсон нов менаџер на Кристал Палас

Хоџсон нов менаџер на Кристал Палас

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Англија, Рој Хоџсон е именуван за нов менаџер на Кристал Палас.

Хоџсон на клупата го наследи Франк де Бур кој доби отказ по само 78 дена, откако не успеа да освои ниту бод во првите четири натпревари во Премиер лигата. Кристал Палас и Хоџсон договориле двегодишна соработка.


За 71-годишниот тренер ова е прва работа по 2016 година кога со Англија беше елиминиран во осминафиналето на Европското првенство од Исланд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан ја одби понудата од Манчестер Сити: Тоа не е доволно!

Се наближува крајот на сезоната во европските натпреварувања, со што и летниот трансфер пе…