Искусниот шпански фудбалер Хозе Антонио Рејес (34) кариерата ќе ја продолжи во Кина
Овој 34 годишен офанзивец ги договори сите услови со екипата на Шангај Шенуоха каде што пристигнува како слободен играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот фудбалер последната сезона ја помина во Еспањол. Во редовите на Еспањол постигна четири погодоци на 23 настапи, но одлучи кариерата да ја продолжи надвор од границите на Шпанија.
Шангај Шенхуоха веќе подолг период покажуваѓе интерес за овој фудбалер, а упорноста конечно им се исплатеше, бидејќи Рејес веќе е нов член на нивниот клуб. Шпанецот во овој клуб ќе му им се придружи на Карлос Тевез, Фреди Гуарин и Обафеми Мартинс, кои се лидерите на овој кинески клуб во новата сезона.
Во текот на својата богата кариера која ја започна во Севиља, Рејес настапуваше за Арсенал, Реал Мадрид, Атлетико, Бенфика и Еспаљол.