Мајами Хит остана во игра за титулата во НБА лигата. Во третиот натпревар од големото финале тимот од Флорида го победи ЛА Лејкерс со 115:104 и така намали на 2:1 во серијата.
Хит потполно заслужено стигна до првата победа во големото финале. Имаа водство од почетокот на натпреварот, а на стартот од третата четвртина имаа и максимални +14 (68:54).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Лејкерс се врати и успеа да намали на 89:91 на стартот од последната четвртина, но Хит успеа да се врати со одлична игра во финишот и дојде до двоцифрена предност за конечни 115:104.
Натпреварот на кариерата го одигра Џими Батлер кој оствари трипл дабл со 40 поени, 11 скокови и 13 асистенции.
На другата страна стандардно најдобар беше Леброн Џејмс со 25 поени и 10 скокови.