Дома Фудбал Германија Хенес со една вечера спречил спектакуларен трансфер на Рибери

Хенес со една вечера спречил спектакуларен трансфер на Рибери

Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес откри како пропаднал трансферот на Франк Рибери од Баерн во Реал Мадрид летото 2010 година.

Рибери беше еден од најдобрите играчи на светот и тогаш не беше среќен под водство на Луис Ван Гал. Реал Мадрид сакаше да го доведе Рибери по секоја цена. Тоа сигурно ќе беше еден од најголемите трансфери во тој период. На крајот се пропаднало поради вечерата која ја организирал Хенес.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кога изгледаше дека приказната на Рибери во Баерн доаѓа кон крајот во 2010 година затоа што менаџерите веќе го продаваа на Реал го повикав него и неговата сопруга на вечера. Мојата сопруга Суси спреми специјална халал храна (дозволена храна во муслиманската вера) за сопругата на Рибери Вахиба. Ни беше супер и некаде околу полоноќ Вахиба одлучно му се обрати: Франк, остануваме во Минхен!“, раскажа Хенес.

Рибери исто така призна дека бил спремен да премине во Мадрид, но потоа сепак остана во Баерн до 2019 година. Денес на 38 години Рибери игра за италијанската Салернитана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…