Почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес ги критикуваше случувањата во денешниот фудбал.
На Хенес не му е јасна трансфер политиката на некои клубови и тоа како се однесуваат кога се во прашање трансферите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Денес целиот свет бара нови играчи кога некој ќе се повреди и ќе пропушти три недели. Често ја гледам бесмислата во овој бизнис“, изјави Хенес.
„Возбудата околу трансферите за време на преодниот рок често ме остава без зборови. Еднаш си помислив: „Ова е кафез полн со лудаци“. Извештаите од преодните рокови само го потврдуваат моето мислење“.