Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн размислува да го напушти клубот идното лето, пренесуваат англиските медиуми.
Кејн ќе побара трансфер по завршување на сезоната доколку не добие гаранции од клубот дека составот ќе биде значително засилен за да може да се бори за трофеи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Минатата сезона лондонскиот клуб стигна до финалето во Лигата на шампиони и заврши како четвртопласиран во Премиер лигата, но оваа сезона е во криза. Во ЛШ беа поразени од Баерн со 7:2, а во англиското првенство имаат само една победа во последните пет кола.
Раководството долго време не троши големи средства на трансфер пазарот за да изгради посилен тим, па Кејн размислува да ја промени средината.