Српскиот фудбалер Александар Митровиќ и Французинот Абубакар Камара се степале за време на часот по јога, а поголем инцидент спречиле нивните соиграчи, пренесуваат англиските медиуми.
Според медиумите српскиот напаѓач го опоменал Камара поради неговото непристојно однесување кон учителот по јога во текот на минатата недела. Секако, Французинот веднаш му вратил на Митровиќ по што тие двајца се фатиле за врат. Поголема тепачка спречиле нивните соиграчи, по што ситуацијата се смирила.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нетрпението меѓу овие двајца фудбалери започна пред неколку недели, кога Камара на своја рака одлучи да шутира пенал против Хадерсфилд и покрај тоа што Митровиќ е задолжен за ударите од белата точка.