Дома Останати Кошарка НБА Хаос во НБА во последниот ден за трејдови: Трејдуван играч додека играше натпревар – Леброн бесен! (ВИДЕО)

Хаос во НБА во последниот ден за трејдови: Трејдуван играч додека играше натпревар – Леброн бесен! (ВИДЕО)

„Кралот“ се огласи на друштвените мрежи.

Апсолутен хаос е во НБА лигата во последниот ден за трејдови, размени може да се прават до вечерва до 21:00 часот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Еден од трејдовите кои беа изненадувачки се случи помеѓу Далас и Сакраменто.

Мавси го добија Џастин Џексон и Зек Рнедолв, додека во Сакраменто заврши Херисон Барнс. За работата да биде уште по неверојатно поранешниот крилен бек на Голден Стејт за тејдот дозна во текот на натпреварот против Шарлот.

Ваквата ситуација во која играчот немал поим што се договара зад негов грб додека игра натпревар го налути Леброн кој се огласи на друштвените мрежи.

„Значи ова беше кул бидејќи тие мораат да го направат она што е добро за франшизата зарем не? Го трејдуваа овој човек буквално додека играше, тој немаше поим што се случува. Не ме интересира кој го трејдуваше бидејќи тоа е работа и мораш да го правиш она што мислиш дека е најдобро. Јас само сакам некои работи кои се прават да станат по реални да се променат. Кога играчот сака да биде трејдуван или сака да ја промени франшизата тој е неблагодарен, а кога тие го трејдуваат тоа е најдобро за нив“.

„Јас се сложувам и со двете ситуации, навистина, но да ги наречеме со вистински имиња“, напиша Леброн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…