Луис Хамилтон од пол-позиција ќе ја започне утрешната ГН на Кина откако по голема битка со Себастијан Фетел во кфаливикациите постави најбрзо време од 1:31.678.
За Британецот ова е 63-та пол-позиција во кариерата, шеста по ред и вкупно шеста на патеката во Шангај.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Возачот на Мерцедес со солидна предност ги заврши квалификациите, оставајќи ги зад себе Фетел, но и клупскиот колега Валери Ботас кој имаше за само една илјадитинка послабо време од возачот на Ферари.
Во топ 10 уште завршија, Даниел Рикиардо, Фелипе Маса, Нико Хулкенберг, Серхио Перез, Даниел Квјат и Ланс Строл.