Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ја коментираше информацијата дека напаѓачот на „граѓаните“ Ерлинг Халанд би можел да се пресели во Реал Мадрид.
„Не знам, треба да ги прашате медиумите од Мадрид. Можеби тие знаат повеќе од нас. Не чувствуваме дека тој е несреќен овде – изјави Гвардиола, а го цитира „ЕСПН“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно шпанските медиуми објавија дека Реал Мадрид се подготвува за трансфер на 23-годишниот Норвежанец.
Халанд настапува за Манчестер сити од летото 2022. Сезонава одигра 23 мечеви за „граѓаните“ во сите натпреварувања, постигна 19 гола и имаше пет асистенции.
Норвешкиот фудбалер има важечки договор со англискиот гигант до 30 јуни 2027 година и неговата вредност според „Трансфермаркт“ моментно изнесува 180 милиони евра.