Откако го доведоа Вернер се пишуваше дека управата на Челзи работи на уште еден трансфер од Бундеслигата.
Станува збор за Каи Хаверц, играч кој го сакаат повеќе европски клубови, а наводно најблиску е до Баерн.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во последно време медиумите на Островот пишуваа и дека Челзи е во игра, но од тоа нема ништо. Челзи не преговара со Хаверц, а тоа го потврди и тренерот на овој тим, Френк Лампард.
„Не, не сме во преговори со тој играч. Знаеме дека е добар, но едноставно не ни треба, имаме се што ни треба во средината на теренот“, јасен беше Лампард.
Со оваа изјава Лампард сигурно разочара многу навивачи на Челзи кои се надеваа дека Хаварец може да заврши во нивниот клуб.