Дома Македонски спорт Фудбалските надежи до 14 години ремизираа со Словенија

Фудбалските надежи до 14 години ремизираа со Словенија

Македонската селекција до 14 години одигра нерешено 1:1 против Словенија во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.

Нашата репрезентација прва се закани по голот на противникот уште во 4. минута. Крстевски во 16. минута имаше одлична можност, се најде сам очи во очи со противничкиот голман, но без реализација. Во 18. минута Словенија поведе со 1:0.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во 52. минута Ристиќ имаше шанса за Македонија, но неговиот удар беше изблокиран во последен момент. Во 80. минута Павлов постигнува еврогол со кој го израмнува резултатот и ги поставува конечните 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Далиќ го објави списокот: Ова се фудбалерите со кои Хрватска ќе игра на Европското првенство

Селекторот на Хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ го објави списокот од 26 иг…