Дома Фудбал Репрезентации Фудбалскиот сојуз на Португалија донесе одлука за селекторот Сантош

Фудбалскиот сојуз на Португалија донесе одлука за селекторот Сантош

Селекторот на португалската фудбалска репрезентација Фернандо Сантош ќе ги води Роналдо и друштвото во баражот за Светското првенство.

Репрезентацијата на Португалија не успеа да се пласира директно на Мундијалот, па ќе мора да се обиде тоа да го напраив преку бараж. Кобен за Португалците беше домашниот пораз од Србија во последната рунда од квалификациите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После тој натпревар во медиумите во оваа земја се пишуваше за заминување на Сантош од клупата. Сепак, денес од Португалија пристигнуваат информации дека Сантош ја добил довербата од сојузот да ја води репрезентацијата во баражот кој е на програмата во март наредната година.

Сантош Португалија ја презема во 2014 година, а под негово водство репрезентацијата стана европски шампион во 2016, а во 2019 ја освои Лигата на Нации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…