Дома Фудбал Останато Во денот кога Сантош доби отказ Мурињо допатува во Португалија

Во денот кога Сантош доби отказ Мурињо допатува во Португалија

Од денес Португалците и официјално се во потрага по нов селектор затоа што Фернандо Сантош доби отказ по настапот на Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По отказот на Сантош посебно внимание привлече Жозе Мурињо. Мурињо во претходниот период се поврзуваше со селекторската позиција на Португалија, а токму денес кога Сантош доби отказ тој пристигна во Португалија.

Мурињо пристигна во Португалија со својата Рома на кратки подготовки.

Португалскиот весник „А Бола“ пренесува дека Мурињо е во потесниот круг кандидати за нов селектор на Португалија.

Споменатиот медиуми додава и дека ако се постигне договор Мурињо за свој помошник би го земал Руи Жорге кој би ја водел селекцијата до јуни надгледуван од „Специјалниот“, а по завршувањето на сезоната Мурињо би ја започнал својата епизода како селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Oфицијално: Ливерпул му даде отказ на Слот!

Холандскиот стратег Арне Слот (47) веќе не е менаџер на Ливерпул. Ова е ексклузивна вест к…