Дома Фудбал Репрезентации Фудбалерките до 19 години закажаа две контролки против Црна Гора

Фудбалерките до 19 години закажаа две контролки против Црна Гора

Женската млада репрезентација на Македонија до 19 години на 17 и 19 февруари ќе одигра два контролни мечеви против соодветната селекција на Црна Гора. 

Двата контролни натпревари ќе бидат одиграни во Подгорица, Црна Гора.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Првиот контролен меч на програмата е на 17 февруари со почеток од 13. часот.

Два дена подоцна предвиден е вториот контролен дуел помеѓу овие две репрезентации со почеток од 11. часот.

Селекторот на младата селекција на Македонија, Астрит Мерко за двете контролни против Црна Гора средби се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Кристина Павловска   Шкендија

Миа Петровска   Богум, Германија

ОДБРАНА:

Матеа Блажеска   Љуботен

Катарина Петкова   Истатов

Слаѓана Ѓорѓиева   Тиверија

Рона Рустеми   Шкендија

Ева Конева   Истатов

Стефанија Веселинова   Каменица

СРЕДЕН РЕД:

Сара Мена   Ас Јунајтед

Васка Василева   Тиверија

Теодора Далчевска   Ас Јунајтед

Ива Јосифова   Тиверија

Миа Велинова   Скопје

Ана Боризоска   Речича

Никица Трендова   Скопје

НАПАД:

Веса Села   Ас Јунајтед

Билјана Панеска   Тиверија

Ева Андонова   Каменица

Јована Павловска   Цевитана

Женската репрезентација на Македонија до 19 години денеска и официјално ги започна подготовките во Скопје за претстојните два контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција? Л’eкип: Ситуацијата е сложена

КИЛИЈАН МБАПЕ (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Б…